Koj e najdobar

Fc Makedonija
Vardar
Rabotnicki
Види резултати




По катастрофалниот земjотрес во Скопје 1963 година стадионот на ФК “Македонија” тогашен ФК “Рудар” беше одземен од државата бидејќи се градеа монтажни бараки за настраданото население, и беше доделено новото игралиште на сегашното место. Теренот беше само ограден со жица, а соблекувалните беа одалечени 500 м. од теренот, во една монтажна барака која денес е детска градинка.

Во 1970 год. екипата Рудар подоцна под Југококта влезе во тогашната Македонска фудбалска лига и мораше да се изгради трибина, соблекувални и други попратни работи за тоа натпреварување. Така во септември 1970 год. почна изградбата на источната трибина. Екипата тогашна Југококта играше есента на стадионот на ФК “Цементарница” во Скопје.

Стадионот, трибината и под трибинскот простор, соблекувалните, тушевите и економатот беа дадени во употреба во март 1971 год. и првиот натпревар се одигра на 12 март 1971 год. со екипата на ФК Кожув од Гевгелија и победи екипата на ФК Југококта со 2:0. Со изградбата на трибината беше направен и теренот, поставена беше трева (бусен).

На теренот немаше изградено ништо до 2003 год. кога со помош од ФФМ се доделени одредени средства од кои и се направи помошниот терен и новите соблекувални на источната трибина.

Од почетокот на сезоната 2004/05 година, настанаа извесни промени во раководниот тим, тим кој го врати духот на спортистите и љубителите на овој спорт.

Фудбалскиот клубот од здружение на граѓани, од сега е во приватна сопственост.

Со самиот процес на трансформација, реорганизацијата на фудбалски план, каде по две сезони поминати во Втората лига, оваа сезона 2005/2006 екипата се избори за враќање во Првата лига.

Од планираниот буџетот за промена на инфраструктурата на самиот стадион, извршено е реновирање на стадионот во, каде се поставени нови седишта на источната трибина со капацитет од 1,500 седишта. Во самиот комплекс изградени се нови канцелариски простории, кој истите се компјутеризирани, теретана со сите попратни справи за вежбање и реновирање на соблекувалните.

На западната страна е изградена новата трибина со ВИП ложа која е во согласност со сите европски стандарди, и простор за 300 гледачи.

Како една од најголемите инвестиции, тука ќе ја споменеме младинската школа која претставува база за производство на малади, талентирани за идни играчи во еден најдобрите европски клубови.

Со овии инвестиции клубот тука не застанува во план се секако и други активности за кои навремено ќе Ве информираме и изненадуваме.


28.09.2008
Табела 2006 - 2007
Голгетери 2006-2007